Основното јавно обвинителство го повика лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, да достави докази по неговата изјава дека во некои училишта кои ги раководат кадри на ДУИ се копаат криптовалути.
Села: Секопаат криптовалути во училишта каде директорите се од ДУИ
„Секој што поседува докази за сторено кривично дело, тоа треба да го пријави до надлежните органи. Јавното обвинителство, согласно своите законски надлежности, ги следи сите информации и ќе поведе постапка доколку се обезбедат докази кои упатуваат на сторено кривично дело“, одговорија од ОЈО за Плусинфо.
ОЈО не одговори и на прашањето на Плусинфо зошто не се започнува постапка по допрен глас, иако по написите во медиумите, Обвинителството може да отвори предистражна постапка…







