Поради основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба со што за 1,4 милиони евра е оштетен Буџетот на РМ, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против екс-министрите за земјоделство и замениците, Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, поранешниот заменик министер Кристијан Делев и актуелниот пратеник Љупчо Димовски.



„Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)“, соопшти ОЈО.