Штетите настанати по вчерашното невреме охриѓани ќе може да ги пријават до 30 овој месец, објавија од Општината.
Барањата за пријава на штети граѓаните можат да ги подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето за обештетување задолжително се приложува имотен лист и лична карта.
Според информацијата, настанати штети може да се пријават само за недвижен имот и за земјоделски култури.
Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град вчера околу пладне го зафати Охрид и околината.







