Охридската полиција го бара Нефи Усеини

Кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство поднесе СВР Охрид против Нефи Усени (45) и неговиот 48-годишен брат И.У.



Пријавата е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали.

По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа извршиле претрес во нивните домови.

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата пренесе Макфакс.