Членовите на „Охридска група“ испратија лична порака до сите граѓани на Македонија во текстот насловен „Сега е времето“, кој ќе бил објавен во македонските медиуми на 6 август.
„Ние гледаме на ова како на момент ‘Сега или никогаш’ за вашата земја, за вас и за иднината на вашата земја“, се вели во пораката на „Твитер“, во која не се прецизира за што се однесува, но е јасно дека станува збор за референдумот за договорот Заев-Ципрас, закажан за 30 септември.
„Охридска група“ се претставува себеси како „група од високи меѓународни државници, дипломати и мислители посветена на поддршката на интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО“. Претседател ѝ е поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.





