Крајбрежјето на Охридското Езеро во Албанија е претворено во градилиште наспроти препораките на УНЕСКО кои се однесуваат на Македонија за заштитата на регионот, алармира Здружението за заштита на животната средина Охрид SOS.
@Во извештајот кој пред неколку месеци Ministria e Kulturës и Ministria e Turizmit dhe Mjedisit од Албанија го доставија до светската организација и стручните тела, се спомнуваа некакви проекти, санации, состаноци за меѓугранична соработка, инспекции на терен. Но никаде не беа споделени вакви активности“ Велат оид Охрид SOS.
@Од една страна се прокламира заштита на природното наследство на Охридскиот Регион, но од друга, се форсираат некакви проекти кои ја нарушуваат природната рамнотежа. Да не заборавиме, заради вакви и слични предлози или интервенции на македонска страна беше предложено Охридскиот Регион да се стави на листата Светско наследство во опасност.

Се чини како албанскиот премиер (кој ги сподели овие фотографии на Facebook) да не е во тек со процесите кои се одвиваат, па форсира зафати кои се во спротивност на дадените препораки. Наместо исполнување на препораките, имаме вакви нови ситуации, кои не одат во прилог на заштита туку напротив, дополнително ги уништуваат специфичните предели, велат во објавата на Фејсбук од Охрид SOS.







