На најмалку 6 места во централниот дел на Охрид вечерва има забележливо полициско присуство.
Покрај наводните вонредни сообраќајни контроли каде е јасно дека се работи за полициски на повеќе места низ градот може да се забележат и возила без ознаки на МВР.
Во цивилни возила се возат припадниците на специјалната единица Тигар која министерот Спасовски ја размести во неколку града каде се очекува поткуп и жестока битка за гласови во вториот круг.
Покрај полицијата низ Охрид се забележливи и десетина возила во кој низ градот возат партиски функционери и активисти но и полициски локални функционери.
Фреквенцијата на овие возила е највидлива во населбите Даљан и Воска а главната тензија се случува кај таканаречените Социјални згради.
За разлика од вчера кога таму имаше присутни и полицајци во цивилни возило и членови на политичка партија вечерва кај социјалните згради е мирно.
Има присуство на членови на една политичка партија која прави граѓанска стража со цел да спречи поткуп на лицата што живеат таму а се со социјални и финансиски проблеми.
Во текот на денот активисти на една политичка партија се обиделе да влезат во еден од влезовите на зградите каде живеат околу 170 луѓе но откако била повикана полиција тие избегале.
Повеќе граѓани на оваа и други локации тврдат дека им се нуди поткуп но не со цел да ги дадат своите гласови за една политичка партија туку за да ги предадат своите лични карти кои би им биле вратени а за возврат ќе добијат меѓу 50 и 100 евра ако утре не излезат на гласање.
Очевидци тврдат дека цената на еден глас веќе достигнала до 100 евра и во Дебрца каде лично еден кандидат е забележан како оди од куќа во куќа.
Поради страв граѓаните кои брифираат за изборните нерегуларности не сакаат нивните имиња да бидат откриени.





