Охрид нема да биде прогласен за загрозено подрачје. УНЕСКО дозволи дополнителен рок до февруари следната година.
УНЕСКО ќе дозволи уште неколку месеци за да се исполнат препораките за Охридскиот регион дадени во 2017 година.
„Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година, со можност, во случај да се утврди опасност на нејзината унверзална вредност, да се вметне во листата на Светско наследство во опасност.“
Активисти за заштита на животната средина сметаат дека и доколку Охридскиот регион се прогласи за светско наследство во опасност, тоа ќе биде единствена шанса за негов опстанок.





