Во помошен магацин на СВР Охрид била извршена кражба при што биле одземени солзавци, шок бомби и други предмети предвидени за расходување.



На 15.04.2022 во 12.30 часот во СВР Охрид е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, додава Димоски, а се преземаат и мерки за расчистување на случајот.

Tear bomb in the street