Охрид не сака гости за Велигден

Охрид најверојатно ќе ги затвори „портите“ за престојните Велигденски празници како превентивна мерка против ширење на коронавирусот.



Во градот да не се дозволи влез на граѓани од други општини побара Кризниот штаб.

„Ваквата мерка е неопходна нeпосредно пред Велигден, со цел да се нaмали, односно да се онeвозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели“, објави на Фејсбук градоначалникот Константин Георгиевски.

Со ваквата мерка ќе се спрeчи полнење на градот со жители од други градови кои имаат викенд-станови и куќи во Охрид.

Претходно Дојран забрани влез на граѓани кои не се жители на таа општина.