Охрид и Струга нудат 10.000 сместувања за украински бегалци

На листата доставена до Владата хотелиерите од Охрид и Струга понудиле близу 3.000 хотелски соби со 5.000-6.000 легла за бегалци од Украина, а заедно со приватните капацитети, ќе можат да се сместат околу 10.000 украински бегалци.



Тоа е околу 30 отсто од расположливите капацитети. Хотиелиерите велат дека иако цените во хотелско-угостителскиот сектор ќе растат поради енергетската криза и поскапувањата на производите, украинските бегалци ќе плаќаат далеку помалку во однос на она што им се нуди во европските земји.

Според ХОТАМ, воената и економската криза ќе го намали бројот на домашни и странски туристи за претстојната туристичка сезона.