Еден од четворицата Албанци кои вчера предизвикаа огромен скандал со поставувањето на големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид вели дека „Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме“
Ѓерѓ Прекоцај од Ѓаковица, водач на групата во која постави 10 метарско знаме на ѕидините, за новинската агенција ИНА Ilirya News Agency објасни дека во Охрид допатувале за да одбележат 552 годишнина од битката на Скендербег.
Полицијата излезе со официјална информација дека се работи за играорна група, „Арбреши“ но Прекоцај вели друго за агенцијата откако беше казнет со 1.100 евра, протерување и забрана од 5 години влез во Макдонија.
„Не, јас сум уште посреќен … им реков дека јас сум Албанец и оваа земја е на Ѓерѓ Кастриот им реков. Можеби не им се допаднало но јас ја кажав реалноста не знам како инаку да зборам и тоа е. Многу ви благодарам. Јас сум малку под притисок под емоции од целата ситуација но се чуствувам многу среќен и горд“.





