Охрид да се подготви: Србите благодарни за 12 евровизиски поени

Голем број српски корисници на социјалните мрежи изразуваат јавна благодарноста за македонските 12 поени што од македонското жири ги добија трите пејачки на финалето на песната на Евровизија вчера.



На шега или на вистина дел од нив најавуваат дека летово тие во знак на благодарност ќе одат на одмор во Охрид, Преспа или Дојран.

Во некои од стотиците коментари со благодарност се споменува и помош во вакцини.