Грција одбива да ја потпише Програмата за воена соработка со Македонија за 2020 под кратенката за земјава „МКД“, објави денеска телевизијата Телма.
Според доверливите документи кои ги објавија грчките медиуми Генералштабот на грчката армија не сака да ја потпише Програмата со ознаката утврдена со Преспанскиот договор, туку инсистира евентуално тоа да биде направено под полните имиња на двете држави со цел да се избегнат кратенките за зeмјите, објави Телма.
Минатата година македонските власти немале никаков проблем да ја избришат кратенката МКД.
Она што паѓа во очи од факсимилите е дека грчката армија оваа година одбива да ја потпише Програмата под „МКД“, бидејќи македонската страна, минатата година ја потпишала под „РНМ“, пишува телевизијата.
Целиот извештај на овој ЛИНК





