Залихите на кафе, пченка, житарки и шеќер ќе се зголемат во Швајцарија, стравувајќи од последиците од можните прекини во снабдувањето, бидејќи таму 40% од потребите за храна се набавуваат преку увоз, а според сегашните регулативи, нејзините залихи покриваат три до четири месеци потрошувачка. Тие сега треба да покриваат шест месеци.
Тоа ќе значи огромно зголемување на сегашните 160.000 тони резерви на жито, складирани во силоси, на највисоко ниво од 90-тите години на минатиот век.
„Одлучивме во текот на изминатите две години дека треба да го зголемиме нашите залихи“, рече шефот на управувањето со залихи Питер Леман.
„Проектот го започнавме пред војната во Украина, но јасно покажа дека е многу важно да има резерви. Светот е поранлив денес“, изјави тој за Ројтерс.
А климатските промени може да ја отежнат набавката на соодветни прехранбени производи во иднина, вели шефот на Управата за снабдување.
„Ако синџирите на снабдување се прекинат или жетвата е лоша поради лошите временски услови или сушата, тоа може да има политички последици“, објаснува тој.
„Многу брзо може да настанат проблеми со набавките. Логистичките синџири станаа подолги и поранливи дури и без војната во Украина“, тврди Леман.
Надлежните планираат да изградат повеќе силоси за сточна храна, пченица и ориз, според договорите што државата ќе ги склучи со речиси 100 производители.
Магацините се во сопственост на компании, а нивната задача е да гарантираат самоодржливост во услови на криза, но и производство на храна во случај на „обичен“ недостиг.
Резерви на гориво има и Швајцарија, но засега не планира да ги зголеми. Залихите на бензин и дизел моментално покриваат четири и пол месеци потрошувачка.





