Огромни штети ако се раскине договорот за Кичево – Охрид

Евентуалното раскинување на договорот со кинеската компанија “Синохидро” која 10 години го гради автопатот Кичево-Охрид, е јамка за македонските компании, пишува ТВ Алфа. Овој излет сериозно ќе ја чини Македонија, затоа треба добро да се размисли пред да се превземат било какви чекори-алармираат градежните инженери и универзитетски професори, откако на два месеци пред истекот на крајниот рок за завршување на 57-те километри од автопатот,Премиерот Ковачески и неговата десна рака Артан Груби,јавно проговорија за можноста да не се продолжи, односно да се раскине договорот со кинеската компанија.



“Што ќе се случи ако не го изгласаат пратениците продолжувањето на законот,значи паѓаат банкарските гаранции на “Синохидро” а со тоа кинеската компанија ќе ги повлече банкарските гаранции и на нашите компани кои имаат околу 50 милиони банкарски гаранции, тие сретства ќе бидат заробени” –укажува проф.д-р Илиос Вилос од Техничкиот факултет во Битола.

Доколку пратениците на крајот на декември гласаат за раскинувањето на договорот,градежните експерти се повеќе од сигурни дека кинеската компанија ќе поведе постапка пред Арбитражниот суд во Париз,станува збор велат за проект тежок половина милијарда евра.

“Апелирам до сите релевантни чинители со оглед на тоа што за неполни два месеци истекува рокот за градба да размислат во кој правец ќе се движи понатамошната изведба на автопатот,секој дисконтинуитет во работењето ќе доведе до големо дерогирање на веќе изграденото, загуби на големи финансиски сретства,углед на државата и слично”-вели Горан Домазетоски,градежен инженер.

“Автопатот Кичево-Охрид да биде една успешна приказна од која ќе се излечат многу позитивни работи, во спротивно сум учествувал и во арбитражни постапки каде што проектите не завршувале добро.Tаму не се градат патишта,таму можете само да потрошите многу сретства и време”-вели Денис Ризанов,правник во Г.П. “Гранит”

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид е црна дупка,невозможно е да сепрати првично предвидената и зацртана динамика на изведување на работите,бидејќи се судривме со нерешени имотно правни работи кои сеуште постојат,а проектните решенија сеуште трпат модификациии, нема пристапни патишта за локалното население кое гравитира кон автопатската делница.И ден денес не е завршена дислокацијата на постоечките водоводни и канализациони инсталации како и електрични и телефонски водови.Сето ова има импликации и на квалитетот на изведување на работите-отворено кажуваат инволвираните во проектот кој ќе остане запишан во историјата на државата како најголема инвестиција чија реализација е неизвесна цели 10 години.

Извор : ТВ Алфа