Огромната дивоградба среде Скопје преживеа, од што се плаши Спасовски

Ноќеска било мирно кај огромната зграда во центарот на Скопје на улицата ,,Пластичарска” каде на државно земјиште се градат огромни објекти вредни милиони евра.



Според извори во полицијата налогот за уривање на дивоградбата на наводно непознати сопственици не е извршен затоа што министерот Спасовски ги стопирал специјалните сили на МВР да дојдат да го обезбедуваат уривањето на објектот.

Преходно сите инволвирани биле информирани дека во текот на раните утрински часови ќе се уриваат две згради на Пластичарска но потоа непозната сила ја запрела целата операција.

Министерот Спасовски засега молчи за причините за неспроведување на акцијата и повлекувањето на полициските специјалци речиси во последен момент.

Повеќе детали за најновиот крах на правната држава во Македонија:

Мистериозна сила повторно ги повлече специјалците кои се подготвуваа за уривање на дивоградби на ,,Пластичарска”