Преку купувањето на „Соравија“ од „Тхор“ на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, се разоткри цела шема на фирми во чие средиште е семејството на лидерот на ДУИ. КОД во второто продолжение на истражувањето за семејното бизнис стебло открива финансиски трансакции и адресна поврзаност кои што на шемата на Ахмети го додаваат и неговиот сват, но и пратеник од неговатата партија.
Во КОД вечерва за остатокот на шемата со семејното стебло на Ахмети, за тоа како еден Ролс Ројс Фантом вреден стотици илјади евра се пресели во Кичево, како и адвокатска анализа за зделката на Дрин Ахмети со „Соравија“.
КОД е вечерва на Телма во 19:15 часот.





