Огромен удар за ДУИ, Таравари избра со кого ќе настапи на изборите

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, одлучи на претстојните парламентарни избори да ѝ се приклучи на албанската опозиција која жестоко ја критикува власта на СДСМ и ДУИ. На неговиот фејсбук профил попладнево објави дека народот бара промени и борба против корупцијата и оти од партиските органи на Алијанса побара поддршка за оваа одлука. „Безрезервно верувајќи во моите сопартијци и во нашата заедничка визија, барам нивна поддршка Алијанса за Албанците да влезе во предизборна кампања со албанската опозиција…“, наведе Таравари во пораката. Со одлуката на Таравари извесни е дека ДУИ се соочува со пораз или мала победа што тешко може да ја донесе во можност да влезе во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Конфузија и конфликт во АА
Раскол во Алијансата откако Таравари се судри со крилото на Села