Менаџментот на Градскиот трговски центар во Скопје бил одбиен од Регулаторната комисија за енергетика кога побарал дозвола за снабдување и трговија со струја.
Според документот објавен на социјалните мрежи потпишан од првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски на ГТЦ му се одбиваат барањата и јасно му се укажува дека нема право да снабдува и тргува со електричната енергија која ја добива од ЕВН.
Со документот се открива дека менаџментот на ГТЦ најмалку 2 години незаконски снабдувач или тргувал со струја иако немал дозвола за тоа.
Скандалот изби откако ТВ Клан и Инфомакс открија опрема за копање Биткоини во подрумот на ГТЦ сопственост на семејство на советник на СДСМ.
Според МВР во скандалот немало случај затоа што броилото кое ја мерела струјата за копање биткоини било на приватен сопственик.
Подоцна сопственици на дуќани во ГТЦ се пожалија дека плаќале огромни сметки за струја која е можно да била трошена од копачите на биткоини.
Според системот на ГТЦ целата потрошена струја се дели на сите дуќанџии без разлика кој колку троши.
Според документот од РКИ се гледа дека ГТЦ немал право да снабдува, да тргува и да наплаќа струја.
Барањето до РКЕ според документот било упатено кога стана популарно “копање биткоини”.
Не је лошо да се знае: ГТЦ нема овластувања за снабдување со струја.
Колку години затвор би се лежеле за ова кога би имале држава? pic.twitter.com/GhvBwleOb3— ЗаСитеРубљи (@4aldemonite) November 20, 2021






