Астероид доволно голем за да уништи град ќе помине помеѓу Земјата и Месечината денеска и – за среќа – ќе ги промаши двете.



Објектот, именуван 2023 DZ2, е откриен пред еден месец.

Денеска ќе помине на 515.000 километри од Месечината, а неколку часа подоцна ќе пролета покрај Земјата.

Ретко се случува таков огромен астероид – кој се проценува дека е со дијаметар помеѓу 40 и 90 метри – да се приближи толку блиску до Земјата.

Според НАСА, ова е важна можност за астрономите да го зголемат своето познавање за астероидите, во случај да се открие опасен објект со потенцијал да удри во Земјата.

„Нема шанси овој „убиец на град“ да ја погоди Земјата, но неговото приближување нуди одлична можност за набљудување“, рече шефот за планетарна одбрана на Европската вселенска агенција, Ричард Моисл, пренесува Би-Би-Си.

Со оглед на тоа дека минува на само 68.000 километри од Земјата, астероидот ќе биде видлив преку двогледи и мали телескопи низ целиот свет.

Веб-пренос во живо ќе биде обезбеден преку Virtual Telescope Project.

Се претпоставува дека објектот ќе се врати кон орбитата на Земјата во 2026 година, но научниците и во таа прилика ја отфрлуваат можноста од закана за Планетата.