Од вчера почна да се организира испораката на масло за јадење од Србија, а како што најавија претходно властите се очекува Македонија со извозот од северниот сосед да добие два милиони литри зејтин.
Количините, според најавите се доволни за еден месец, особено што веќе од средата Владата донесе одлука за ограничување на продажбата на цели пакети масло за јадење. Во некои од маркетите, на граѓаните им е дозволено најмногу две-три шишиња зејтин, зависно од тоа како одлучиле одговорните во одреден трговски ланец.
-Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат, истакнаа минатата недела од Министерството за економија.
Но, изминативе денови, оваа одлука се покажа како крајно не ефикасна, бидејќи, како што велат продавачите, нема крај на „досетливоста“ од страна на граѓаните.
-Слушаме што си разговараат додека стојат на каса. Велат: „бев до Рамстор, таму даваат три шишиња, тука ќе купам две, потоа ќе одам до некој од другите маркети, па колку даваат, толку ќе купам“. Луѓето повторно и повторно си прават залихи дома. Ние како локално маркетче, дозволуваме само по две шишиња, но се случува во текот на денот, сите членови од едно семејство да дојдат и да побараат да купат зејтин. Но, тука во населбава скоро сите се знаеме, па тоа потешко поминува, вели една од продавачките во мал трговски дуќан во една од скопскте населби.
Линк до целиот текст.







