Спомен-куќата на кралицата на ромската песна Есма Реџепова била ограбена од непознати сторители, јави ТВ Сител.
Од куќата била однесена целата музејска поставка која, по нејзината смрт, со тестаментот на Есма во кој таа целиот свој имот го подарила на државата, станала сопственост на Република Македонија.





