Пред десетина дена во скопската населба Аеродром засега непознати крадци влегле во домот на новинарот Саше Димовски кој е еден од најдобрите македонски новинари кои ја покриваат областа правосудство.
Домот на Димовски кој важеше за жесток критичар на владата на ВМРО-ДПМНЕ а сега со иста жестина ги критикува СДСМ и ДУИ бил ограбен преку ден.
Повеќе индиции за случајот укажуваат дека кражбата на домот на Димовски од каде се украдени компјутери стари 10 години нема само материјална позадина.
Според полициски извори најверојатно се работи за крадци корисници на дрога но МВР досега не ги нашла луѓето што среде бел ден ризикувале и влегле во домот на новинарот од каде украле опрема која што на црниот не вреди ни 2000 денари.
Димовски ова го откри во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.
https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/3071172679784850/






