Женски чели, женски балетанки, тањири, ремени, женски сандали , зимски обувки, чанти, играчки синтисајзери, маици, женски фустани, машки кошули, и играчки е списокот на украдени работи од магацински простор во касарната „Инлинден“ .
Кражбата била извршена на 17 и 18 април а Министерството за труд и социјална политика за ова ја известила полициската станица Карпош.
Се смета дека сторителот на кражбата се стекнал со противправна имотна корист од околу 524.900 денари, пишува порталот „Опсервер“.





