Првиот човек на скопските пожарникари смета дека причината за пожарот што вечерва избувна под Скопското Кале е пиротехнички материјал кој се користел на прославата на денот на независност на САД.
Противпожарната бригада на Град Скопје повеќе од половина час го гаснеше пожарот што вечерва избувна под Кале.
Командат на скопската пожарна, Владимир Симоновски за „360 степени“ вели дека на терен се испратени две возила и дека нема опасност од проширување на пожарот.
Причината за пожарот, вели најверојатно е огнометот на Американската амбасадата.
„Бидејќи местото е многу суво, најверојатно од падот на остатоците од огнометот се запалило. Пожарот избувна под тврдината и нема опасност за околината“,вели Симоновски.
Пријавата за пожарот стигнала кратко по огнометот кој беше изведен од амбасадата на САД во Скопје по повод прославата за Денот на независноста, за која беше организирана и виртелна прослава.
Извор: 360степени
Кале pic.twitter.com/zKk4nHP3zL
— Ган (@gunmetal6lack) July 4, 2021






