Актуелното партиско раководство на ДУИ лошо менаџира со партијата, а министрите кои се кадар на оваа партија лошо раководат во извршната власт предводени од вицепремиерот Артан Груби сметаат од „огнената група“.
Изет Меџити, Блерим Беџети, Муса Џафери, Саранда Имери Стафаи, Невзат Бејта…, кои се високи функционери меѓу интегративците и предводници на „огнената група“ сметаат дека токму Груби е виновникот за раздорот во партијата.
Тие подготвија онлајн петицијата за оставка на Артан Груби и на сите негови сопартијци министри која веќе се споделува на социјалните мрежи.
„Денеска е петиција, утре – задутре сигурно ќе има и други механизми, демократски. Ние сме искусни во политиката, секој ден сме со граѓаните и ќе најдеме начин да победиме и овојпат“, порача предводникот на „огнената група“ Изет Меџити синоќа од Тетово.








