Таканараечената „огнена група“ од ДУИ сака да се вклучи во работната група за уставните измени со кои Бугарите треба да се вметнат како една од заедниците во Преамбулата, но имаат и еден услов:
Целосно ги поддржуваат измените, но покрај за Бугарите бараат и замена на формулацијата „20 отсто“ со „албански јазик“ во македонскиот Устав.
„…иако официјално не сме поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на ДУИ да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање на државата сите наши професионални капацитети“, велат од фракцијата на ДУИ.
Тие го повикуваат целиот албански политички блок да се произнесе во однос на отстранување на формулацијата „20 отсто“ и вметнување на албанскиот јазик во Уставот и да ја поддржи иницијативата бидејќи покрај новото поглавје на патот кон ЕУ, според нив, ќе се исправи и децениска неправда кон албанскиот народ.







