„Огнената група“ на ДУИ ќе објави што бара и што ќе (на)прави

Еден од потписниците на отвореното писмо на „Огнената група“ на ДУИ која деновиве побара од лидерот на партијата Али Ахмети разрешување на Артан Груби од позициите во партијата и во Владата и отворање дебата за враќање на единството и за функционирање на органите на ДУИ изјави дека наскоро ќе објават што конкретно бараат и како ќе постапуваат.



„Многу брзо ќе излеземе со соопштение преку кое ќе информираме за овие прашања”, изјавил Беџети, кој е член на претседателството на ДУИ и е дел од таканаречената „Огнена група”.

На друго прашање изјави дека стои зад повикот дека секој што ѝ мисли добро на ДУИ може да ѝ се приклучи на групата.

„Апелирам до нив, приклучете се“, рече Беџети, пренесува МКД.Мк.

Вчера, двајца членови на ДУИ, за кои се тврди дека се  блиски до „огнената група“ градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ги назначи за директори на градски претпријатија.

Ахмети пред неколку дена нагласи дека ДУИ може без секого.