Девојка на 20-тина години е 15-та жртва на пожарот во тетовската модуларна болница.



Лекарите, пред избувнувањето на пожарот ја реанимирале девојката која имала церебрална пареализа, но поради огнената стихија нејзината реанимација е прекината.

Таа заедно со нејзината мајка и медицинскиот персонал веднаш била извлечена надвор, без повреди или изгореници од пожарот.

Откако починала, телото на девојката било предадена на семејството, но Обвинителството решило дополнително да ја внесе во овој кривично-правен настан и побарало нејзина обдукција.