Официјална Будимпешта го искара Хан, се огради од политички однос за азилот на Груевски

Комесарот Хан треба да си ги гледа сопствените задолженија. Неговиот мандат од пет години како комесар за политикта за добрососедство и проширување беше целосно неуспешен. Зашто, нема никаков напредок во однос на политиката кон соседите и затоа треба да се концентрира на сопствената работа. Но, во однос на нашата политика кон Македонија, ние не го гледаме тоа пршање за бившиот премиер како политичко, туку како правно прашање, зашто унгарската влада нема ништо зедничко со тоа.



Ова во специјалното интервју за бугарската телевизија „БНТ“ го изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, одговарајќи на прашањето како се одразила одлуката за давање политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски и барањето на еврокомесарот Јоханес Хан, Будимпешта да даде објаснување за таквиот потег.

Сијарто уште еднаш повтори дека политичкиот азил Груевски не го има добиено од унгарската влада, туку од независниот орган Службата за имиграција и државјанство. Тој повтори дека унгарските политички односи со Македонија остануваат непроменети пренесува пресингтв.мк.