Фотографијата на Шекеринска пред симболите на УЧК денеска ја коментира и официјален Белград односно српската влада и еден од најблиските луѓе на претседателот Вучиќ.
Според државната телевизија на Србија РТС министерот за одбрана Александар Вулин смета дека: “Позирање пред симболи на терористи кои се неспорно криви за убиства на стотина цивили, жена и деце и зборување дека така се служи на граѓаните не е ништо помалку лицемерно отколку да се сликате под знамето на Исламската држава и да говорите за верска толеранција.”
Вулин во пораката до македонската колешка прашува зошто Шекеринска не се слика пред кукаст крста односно нацистичкиот симбол Свастика или знамето на усташката држава НДХ и не каже дека тоа е ретро моден правец.





