Седум жени и девојчиња , сите странски државјанки, биле убиени, а се верива дека е ова првото сериско убиство во Кипар, објави, објави Би-Би-Си.
Кипарските власти се соочуваат со обвиненија дека не ги истражувале темелно целосно случаите кога жени биле пријавени за исчезнати.
Досега се пронајдени телата на на тројца Филипинки, а во моментов се врши темелна потрага во две есера на Островот во потрага по други.
Досега има еден осомничен 35-годишен офицер од армијата на кипарските Грци, кој е уапсен.
Во Кипар,држава со 890.000 жители нивото на криминал е мало, а насилството врз жените не е забележано
Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис изјави дека бил „шокиран од откритието на толку многу срамни убиства против невини странци и деца“.
На почетокот на април беа пронајдени телата на две жени, 38-годишната Мари Роуз Тибурисо и Ариан Палана Лозано од Филипини, кои беа прогласени за исчезнати минатата година. Од нејзината преписка истрагата доведе до офицерот осомничен за убиствата.
Тој во почетокот негираше дека убил уште една Филипинка, 31-годишната Марикар Валтез Аркиола која исчезнала на крајот на 2017 година, но потоа го смени исказот и призна убиство на седум жени и девојки во последните три години. Офицерот на иследниците им ги соопштил и местата каде ги фрлал жртвите




