Порталот „Офф.нет.мк“ со урнебесна реакција за пречекот на министерката за одбрана Славјанка Петровска од британскиот воен оркестар во Лондон со македонската песна „Јовано, Јованке“.
„Следниот пат со ‘Жаклина’ од Цане, ако може. Во знак на благодарност, ние ќе ургираме да возвратиме со ‘God Save the Queen’ од ‘Секс пистолс’“, е коментарот од написот насловен „Некои па со државната химна ги пречекуваат“.






