Пред нас, Американците за корупција го средуваа Авганистан, пишува off net.mk во својата анализа за претходната битка на Вашингтон со корупција со една земја кој по 20 годишно средување од Вашингтон сега се наоѓа во средниот век.
,,Добра вест е што освен експерти (оној фамозен тим од Вашингтон кој го најавува американската амбасада), САД – засега – не најавуваат дека во Македонија ќе донесат и пари за борба против корупцијата. Бидејќи, судејќи според авганистанското искуство, дури тогаш ќе биде бетер.
Американ-френдли претседателот Хамид Карзаи победуваше на реизбори така што неговите полнеа илјадници гласачки кутии. Подоцна призна дека ЦИА со години му носела торби со кеш во неговата канцеларија, велејќи дека тоа не е „ништо необично“.
Јавно, додека претседателот Барак Обама ја ескалираше војната и Конгресот одобри дополнителни милијарди долари за поддршка, и двете инстанци ветуваа дека ќе ја спречат корупцијата и ќе бараат одговорност. Во реалноста, го вртеа погледот и дозволија лоповлукот да стане посилен од кога било претходно.
Ова е кусиот заклучок од тн „Авган пејперс“ кои своевремено ги објави Вашингтон пост, потпирајќи се на документи и доверливи интервјуа со клучни играчи во американскиот ангажман во Авганистан” пишува Офф.нет.мк кој цитира анализа на водечкиот американски медиум Вашингтон Пост.
Целите текстови на





