По седмата титула на Вимблдон и вкупно 21 на Гренд слем турнирите, Новак Ѓоковиќ одговори на две прашања на известувачот на Макфакс.
„Се надевам дека многу скоро ќе ја посетам Македонија, и тоа ми е во план. Би ги поздравил моите драги браќа и сестри од Македонија. Имам неколку пријатели од Скопје, кои постојано ми праќаат фотографии од Скопје и од Охрид и ми праќаат поддршка“.
„Калин е одличен, го следам. Високо момче, добро момче, има одлична игра. Ќе го повикам на некои мои тренинзи во Белград, да изградиме некаков однос, за да му помогнам за да се домогне до некои тениски височини. Мојот чичко многу добро го познава неговиот татко Александар“. Офф.нет