„Оф мори мајко“ – Протест на македонските фотографи на лидерската средба

Македонските фотографи вечерва протестираа со оставање на своите фотографи пред влезот на Домот на пратениците. Причината за протестот е во тоа што владиното обезбедување по налог на Пи-арот на владата не им дозволиле на фотографите да ја фотографираат средбата на политичките лидери од традиционалните позиции.



„Ова се моите и на колегите камери пред клубот на пратеници. Место јас да сликам таму кај што треба, овојпат не ни беше дозволено сликање од ПР-от на влада заради безбедносни причини. Само да кажам дека јас од кога памтам за себе сликаме од едно место ама сега неможе од “безбедносни причини”. Оф мори мајко. И на крај да извадам цитат од другарот Забрчанец (Специјален советник на премиерот Заев за комуникации): “11 години ве газеа сега најдовте да се жалите”. Е браво бе Марјан. Па ајде да се наместиме за секс ако треба“, напиша еден од доајените на македонската фотографија Роберт Атанасовски на својот фејсбук профил!

Фото: Фесјбук профил Роберт Атанасовски