Претставничкиот дом на САД гласаше „за“ одобрување на планот за спас од 1,9 билиони долари предложен од претседателот Џо Бајден за справување со оследиците од пандемијата на коронавирус.
Планот ќе биде испратен во Белата куќа и ќе стапи на сила како закон, откако ќе биде потпишан од претседателот на САД, пренесува С-Ен-Ен.
Предлог-законот доби конечно одобрување во Претставничкиот дом, откако Сенатот додаде голем број амандмани и го усвои за време на викендот.
Пакетот вклучува стимулации до 1.400 американски долари за милиони Американци, до септември треба да биде продолжено важењето на дополнителните надоместоци за невработеност од 300 американски долари неделно, а предвидени се и милијарди долари за помош на сојузните држави и општините.





