Одмрзнатите цени дополнително ќе ја подгреат инфлацијата?! Платите прениски за да се преживее

Одмрзнатите цени можно е дополнително да ја подгреат инфлацијата зашто платите не се доволни за да се преживее месецот. Иако надлежните смируваат дека немало да дојде до нов ценовен шок, сепак, синдикатите алармираат дека работниот едвај крпи крај со крај. Бараат власта да покаже сериозност, и конечно да им ги покачи платите на работниците. Од Сојузот на Синдикати бараат повисоки плати веднаш, а не за неколку години, за подостоинствен живот на граѓаните.



Дека власта прави брзи и непромислени потези алармираат и експертите. Економистот Бранимир Јовановиќ за Алфа рече дека одмрнувањето на цените на артиклите може да предизивкаат дополнителен инфлаторен шок. За колку толку да се ублажи ударот, вели, мора да се зголемат платите, по примерот на другите земји. Јовановиќ додава дека цените ќе почнат да паѓаат само кога побарувачката ќе падне, а до тоа тешко дека ќе дојде.

Случајно или не, во ист ден се одмрзнаа цените на основните прехранбени производи и почна да важи нова цена на струјата со повисок ддв, што според граѓаните ќе предизвика дополнителен шок на и онака тенкиот буџет.

Инаку, од вчера повеќе не важи одлуката за ограничени цени на лебот, шеќерот, маслото, брашното, тестенините, оризот, млекото и млечните прозиводи. Тие се одмрзнаа, и експресно дел од нив благо поскапеа, забележа камерата на Алфа. Станува збор за лебот, млекото и млечните производи, а за десетина денари забележавме и поскап зеленчук, посебно доматите кои до сега беа под 100 денари.

Инаку, Владата јуни лани, ја донесе одлуката за змрзнување на трговската маржа на основните прехрамбени производи. Важноста се продолжуваше неколку пари, а од Министерството за економија уверуваат дека цените се стабилизирани, па ако имало потреба веднаш ќе интервенирале.