Одмор во Албанија и Црна Гора само со лична карта, во Грција, Турција и Бугарија со вакцина или ПЦР тест

Годинава за летување во Албанија и Црна Гора не е потребна никаква документација за влез, ниту ПЦР тест, ниту вакцина односно на одмор може да заминете само со лична карта. Од друга страна, пак за Грција и Турција потребен е ПЦР тест или потврда за вакцина, а во двете земји се прифаќаат сите вакцини. За разлика од Грција, каде и за деца над 6 години е потребен ПЦР тест, за Турција децата помлади од 18 години ако патуваат со возрасни не мора да ги имаат овие документи. Ако одлучите пак да одите на море во Хрватска потребен ви е позитивен ПЦР не постар од девет месеци и негативен не постар од 72 часа.



Линк до целиот текст.