Одлуката за разрешување на Филипче е веќе напишана (ФОТО)

Во Собранието пристигнало барањето на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче .



Причините за неговото разрешување според образложението на ВМРО-ДПМНЕ но и голем дел од јавноста се познати.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе ја подготвила одлуката за разрешување која на крајот треба да ја потпише спикерот Талат Џафери.

Се уште не е јасно дали Џафери воопшто ќе го стави на гласање предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, дали можеби само ќе се констатира оставката или пак пратениците ќе гласаат за неа.

Стручната јавност деновиве со многу дилеми кој е најзаконскиот пат за заминување на Филипче.