Отворањето на граничниот премин Рафа, преку кој од Египет треба да пристигне хуманитарна помош за Газа, е одложено, јави Си-Ен-Ен.
Во Египет допатува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
„Во оваа хуманитарна катастрофа повикувам на две итни акции. Го повикувам Хамас за итно и безусловно ослободување на заложниците, Израел веднаш да обезбеди неограничен пристап до хуманитарна помош за да ги обезбеди најосновните потреби на луѓето во Газа. Цивилите Имаме очајна потреба од услуги и материјали, а за тоа е потребен брз, непречен хуманитарен пристап. Сега ни требаат храна, вода, лекови и гориво“, рече тој.
пред еден час
Блискиот исток е на работ на бездна како резултат на војната меѓу Израел и Хамас, изјави за Би-Би-Си шефот на агенцијата на ОН, Филип Лазарини.
„Светот ја губи својата хуманост“, изјави Високиот комесаријат на ОН за бегалци на Блискиот Исток. Тој предупреди дека насилството може да се прошири низ целиот регион.
Лазарини предупреди на страшната ситуација за цивилите во Газа, повторно повикувајќи на коридори за хуманитарна помош.







