Министерот Османи не се појави во судница да даде исказ за случајот против него за навреда и клевета. Тужбата ја поднесе Бил Николов како претседател на организацијата „Македонско меѓународно движење за човекови права “ од Канада и самата организација. Османи во изјава во ноември минатата година искажал понижувачко мислење повредувајќи ја честа и огледот на тужителите нарекувајќи ги сомнителни луѓе со антидржавни ставови. Министерот е во Братислава на безбедносниот форумот ГлобСек, па за одбраната тие се оправдани причини зошто е спречен да дојде.
- „Сметаме дека од објективни причини тужениот не беше присутен. Се надеваме дека за наредното закажано рочиште истиот ќе биде присутен впрочен тоа е и наша заложба бидејќи на наш предлог е неговото сослушување а сето тоа е во интерес за судот“, вели Љупчо Илиев, адвокат.
Обраната побара од судот, ако Османи не може да присуствува , со време да ги извести. Извинувањето кое писмено го побараа се уште не го добиле од министерот.
- „ Доколку не може да дојде да каже со време. Или да кажат термин кога е министерот е тука. Досега нема никакво извинување, вели Трајче Торов, адвокат.
Бил Николов како претседател и „Македонското меѓународно движење за човекови права” го тужеа министерот Османи бидејќи со изјава во ноември лани ги прогласи за луѓе со антидржавни ставови.







