Јавната седница во Апелацискиот суд Скопје за првостепената пресуда во случајот „Титаник 2“ закажана за денеска се одложи, а ново рочиште е закажано за 13 април 2023 година..
Со оглед на троа што делото на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалковза застарува на 7-ми април, тој практуично е „ослободен“ од пресудата од две години затвор за примање наградата за противзаконито влијание.
Причината за денешното одложување е што не беа присутни поголем дел од странките, меѓу кои и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешните членови на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ: Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Тие не беа присутни бидејќи, како што официјално кажаа судиите, „нема доказ дека се уредно поканети“.
Случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности двапати влезе во судница во Кривичниот суд и вторпат во Апелација.
Првата пресуда за „Титаник 2“ беше укината од Апелација во декември 2019 година. Од тогаш до јануари 2023 година предметот се судеше во Кривичниот суд . Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново ги прогласија обвинетите за виновни.
На повтореното судење ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на казна затвор од две години. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години.







