Бугарскиот премиер Кирил Петков ја одложи посетата на Македонија се одложува, потврдија од бугарската влада за бугарската национална телевизија.
Причина е „самоизолацијата“ во која мораше да се повлече премиерот откако вчера бил во контакт со „позитивен“ од корона на Советот за безбедност свикан од претседатело Румен Радев.
„Во зависност од тоа, кој каков имунолошки статус има, имаат ли бустер или не, ќе биде поставен под различен рок на карантин. , изјави Ангел Кунчев, државен здравствен инспектор во Бугарија.
Бугарскиот државен врв вчера мина безмалку шест часа заедно на Советот за национална безбедност, посветен токму на Македонија, по кој претседателот Радев ја урна визијата на Петков дека за шест месеци е можно кревање на ветото за Македонија.
Од македонската влада, пак, засега немаат добиено никакво известување од Софија, откако Петков, Радев и дузина други функционери поради вчерашниот контакт со собранискиот спикер Никола Минчев, позитивен на Ковид, ќе треба да минат најмалку седум до 10 дена карантин.






