Одложена затворската казна на Јанкуловска

Врховниот суд го уважил барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и од 1 јули таа нема да оди на издржување на казната затвор за случајот „Тенк“.



Издржувањето на затворската казна во траење од 4 години се одлага додека Врховниот суд одлучи по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, дознава „Независен“.