Најавената средба помеѓу претседателот Стево Пендаровски и забранетата партија ОМО Илинден Пирин на Македонците од Бугарија, потврдија од партијата за „Слободен печат“.



Причина за одложувањето, како што велат, е состојбата со пандемијата со коронавирусот. Од ОМО Илинден Пирин не сакаат да коментираат ништо во врска со целите на посетата.

„Коментар ќе дадеме после евентуалната средба“, – велат оттаму.

Неодамна од кабинетот на шефот на државата потврдија дека Пендаровски ќе има средба со претставници на Македонците кои живеат во Бугарија, на нивно барање.