Одложена седницата на Собранието, има ли ДУИ 15 гласа за избор на спикер и влада

Денешната седница на Собранието за избор на претседател ќе се одложи поради отуство на дел од пратениците, е најновата информација од законодавниот дом.



Седницата на која требаше повторно да се избере Талат Џафери за претседател, се одложува и најверојатно ќе се одржи утре, јавува и на ДУИ блиската ТВ21 која дознава дека одложувањето е поради отсуство на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Денеска требаше да биде гласањето за претседател, а утре за новата Влада.

ТВ21 молчи за внатрешните проблеми во ДУИ каде се појави отпор кај дел од пратениците и локалните ограноци поради изборот на Артан Груби и Бујар Османи за министри.

Утринава expres.mk прв објави за средбата која двајца пратеници на ДУИ ја барале со лидерот Ахмети за да се расчистат состојбите.

Извори во ДУИ напладне тврфеа дека застојот е технички и брзо ќе биде надминат.

Без гласовите на Изет Меџити и Фатмир Зибери кој е внук на Насер Зибери СДСМ и ДУИ имаат само 60 гласови и не можат да направат влада.