ДИако беше најавена седница до крајот на оваа недела, Социјалдемократскиот сојуз нема да одржи седница на Извршниот одбор на која, според медиумите, се очекуваше да биде донесена одлука дали ќе има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во април.



Највисокото  раководство на СДСМ ниту денеска нема да се состане и да одговори на барањето на опозицииската ВМРО-ДПМНЕ.

Висок функционер на СДСМ за Канал 5 вели дека Извршниот одбор денеска нема да има седница, но дека одлука ќе има наскоро.