ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение ги дообрајсни условите за давање поддршка на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, а доколку СДСМ не прифати еден од овие услови, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара, пренесе Фокус.
-СДС да каже кој од двата предлога на претседателот Мицкоски кои го штитат идентитетот и овозможуваат интеграција во ЕУ прифаќа, спротивно нема потреба од преговори.
„Ковачевски да не манипулира со своето членство, и со граѓаните, да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа.
1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.
2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија.ж
И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.






